Connect with us

Фудбал

Пијаниот Карагер го интервјуираше фудбалерот на Борусија, го покани на пиво и ги насмеа легендите до солзи

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на Сигнал Идуна Парк го совладаа Пари Сен Жермен со минимални 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
На натпреварот како стручен коментатор за CBS Sports присуствуваше и легендарниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер, кој дел од натпреварот го мина и на познатиот „Жолт ѕид“, трибината со најжестоките навивачи на Милионерите.

Карагер по натпреварот ги интервјуирал фудбалерите за споменатата телевизија, признал дека испил осум пива, а од неговото однесување сосема јасно било дека бил пијан.

„Земав чизбургер околу два и пол кога стигнав во хотелот. Тоа може да објасни зошто јазикот ми се врзува. Сум испил околу осум пива на Жолтиот ѕид, имам ново семејство и пријатели“, рече Џејми Карагер со насмевка и го забележа сонародникот Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и го покани на интервју.

Поранешните фудбалери Тиери Анри, Алесандро Дел Пјеро и Мика Ричардс не можеа да се воздржат во студиото на CBS и прснаа од смеење, а за Питер Шмајхел кој беше со Карагер и Санчо беше срамно.

„Ако стигнете до финалето, може ли да пиеме неколку пива заедно?