Србија се повлекува од самитите на Западен Балкан: „Срамна изјава на ЕУ…“

Српската премирка, Ана Брнабиќ, соопшти дека Србија се повлекува од самитите на Западен Балкан со Брисел. Таа ја оцени како „срамна“ изјавата на портпаролот на Европската унија, Петер Стано, за именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово и изјави дека поради ова Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

Стано денеска ги повика Белград и Приштина да работат во согласност со обврзувачките договори за дијалог како и за итно враќање на косовските Срби во сите институции во Приштина. Реагирајќи на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во привремените институции во Приштина, тој рече дека од витално значење е Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница.

– Ваквата реакција е срам за ЕУ. Чекавме да видиме што ќе каже ЕУ за именувањето на Рашиќ и дочекавме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е во спротивност со Бриселскиот договор, туку и противречи на волјата на народот изразена на изборите. Повторно прашувам Приштина по 10 години не го спроведе Бриселскиот договор чиј гарант е ЕУ, откако годинава на Србите во Косово и Метохија им беше ускратено правото на глас, на двапати, на што ЕУ одговори со една реченица во Извештајот за напредокот, изјави премиерката Брнабиќ.

 

Претходна вестУчениците почнаа да добиваат македонски јаболки од проектот „Здрава ужинка за секој ученик“
Следна вестИ утринава лажни дојави за бомби во три училишта