Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес во Битола, приведена 53 годишна битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин

На 06.06.2023 криминалистичката полиција при СВР Битола лиши од слобода 53 годишна жена од Битола.

Имено, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи , сега веќе приведената 53 битолчанка пронајдени се 96 паковки со марихуана, една паковка амфетамин, дигитална вага и други предмети.

По документирање на настанот против лицето  ќе следува соодветна пријава по чл. 215 од КЗ.

СВР Битола подетални информации ќе соопшти утре.

 
 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »