ФОТО| Мерием Узерли се појави во Кан: И покрај гламурозниот фустан, сите зборуваат за нејзиното лице

Турската актерка Мерјем Узерли беше една од ѕвездите кои прошетаа на црвениот тепих во Кан, а покрај нејзиниот гламурозен фустан вниманието привлече нејзиното промненето лице.

Имено, популарната Хурем носеше креација на брендот Maison Novague, а се работи за долг фустан со златни, сини и проѕирни детали кои ја следеа нејзината линија на телото.

Со фустанот го истакнала и своето деколте, а изгледот го заокружила со златно ланче и обетки. Косата ја носеше во ниско опавче, а најмногу коментари се за нејзиното лице.

Имено, изгледа дека актерката претерала со филерите и ботоксот, па нејзиното лице изгледало отечено и искривено во споредба со претходно.

Мерјем не и е непозната на козметичките зафати, а по раѓањето на втората ќерка направила неколку естетски зафати – познато е дека четири пати ги зголемила усните, ги нагласила јаготките и ги подигнала веѓите.

Актерката и минатата година беше гостинка на филмскиот фестивал, а вниманието го привлече појавувајќи се во елегантен црн фустан и превез кој и го покрива лицето.