logo
logo
logo

Соочувње со фактите

МАКСИМ БУМ СРЕДЕ СОФИЈА: Бугарија беше фашистичка, само во Куманово има 800 нивни жртви (Видео)

Vecer | 04.02.2023

МАКСИМ БУМ СРЕДЕ СОФИЈА: Бугарија беше фашистичка, само во Куманово има 800 нивни жртви (Видео)

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија рече дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европејски.

„Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи“. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија кадешто беше нејзин гостин.

Тој потенцираше дека официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.

„Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга само за мојот град, над 900тини жртви. Овој човек има 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800тини жртви, од кои најголем дел или над 90% се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но, не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит. Јас бев се поклонив на жртвите во Страцин во таа борба. Но, следната година слушнав навредливи зборови во мојата сопствена држава од поединци. Така ли ги чествуваме заедничките историски денови?“, праша Димитриевски.

о

„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.

Димитриевски потсети дека во Македонија доаѓаа политичари од Бугарија и навредуваа, кажувајќи дека Македонија е Бугарија, од Охридско езеро до Црно море, дека Охрид е најубавиот град во Бугарија итн.

„Замислете ја реакцијата на македонската јавност. Зошто дојде до ова? Во континуитет македонскиот народ, македонската државност се навредува. Да се вратиме на минатото на кое ќе базираме и иднина, ќе го почитуваме минатото. Јас бев првиот политичар во Македонија којшто одбележа заеднички датум од историјата, позитивната историја на македонскиот и бугарскиот народ, борбата на Страцин, првата година Иван Сечанов дојде господинот претседателот на здружението на воените ветерани на Бугарија ја кажа целата вистина, дека Бугарија била фашистичка во Втората светска војна, дека таа војна е водена таму заедно со македонските партизани“, посочи Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk