Промоција на „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото ќе зборува Владимир Мартиновски.

Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

„’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите.

Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави