Голеада од седум голови во Франција: Лаказет и Балде донесоа пресврт победа за Лион

Дербито на 32. коло во француското првенство помеѓу Лил и Лион заврши со голеада проследена од седум голови и гостинска победа од 3-4 со пресврт од 88. до 92. минута.

Фантастичниот натпревар беше најавен со гол на Диаките во 21. минута од средбата, а Лил стигна до предност од 2-0 преку Жегрова во 37. минута. Предноста од 2-0 домашните фудбалери ја чуваа се до 66. минута кога Бенрама ја затресе мрежата за 2-1, а во 82. минута преку Фофана Лион изедначи на 2-2.

Само три минути подоцна Дикате донесе ново водство за Лил, но Лаказет и Балде со голови во 88. и 92. минута се погрижија за целосен пресврт.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...