Масовно предозирање со дрога во Тексас: Полицијата уапси шест осомничени дилери на дрога

52
EPA-EFE/CJ GUNTHER

Шест лица беа уапсени во Остин, Тексас, откако десетици луѓе се предозираа со наркотици минатата недела, што резултираше со девет смртни случаи.
Полициската управа во Остин соопшти дека пет лица се обвинети за поседување или испорака на контролирана супстанција, додека шестото лице е уапсено откако било фатено од надзорната камера како го доставува наркотикот, пренесоа американските медиуми.

Од полицијата додаваат дека осомничените биле лоцирани преку истрага за изворот на наркотиците користени во неодамнешните предозирања, а меѓу нив имало марихуана и крек кокаин со фентанил.

Фентанил е синтетички опиоид кој е 50 до 100 пати посилен од морфинот, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува ABC News.

Службата за итна помош на округот Остин-Тревис соопшти дека се зголемил бројот на повици во врска со користење на илегална супстанца, а до понеделникот биле пријавени 79 случаи на предозирање.

Тимот дистрибуираше 438 комплети за спасување животи во центарот на Остин кои содржат Narcan, спреј за нос, чија активна состојка е налоксон, кој брзо го обновува дишењето во случај на предозирање.

Стапката на смртни случаи поврзани со дрога во Тексас е 15,4 на 100.000 луѓе, што е највисоко ниво од 2011 година, според државното Министерство за здравство.