„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Артета побрз од Венгер до „стотка“

Арсенал ја продолжи битката за титула во Премиерлигата со Манчестер Сити откако во 35. коло славеше на гостински терен во лондонското дерби против Тотенхем во 2-3 во супердраматичен натпревар.

А, пак истиот донесе и јубилеј на тренерот Микел Артета кој ја забележа стотата победа во Премиерлигата. За ваков успех му беа потребни 169 натпревари што е за десет натпревари побрзо од легендарниот тренер на „топчиите“, Арсен Венгер.

Пред Артета сепак остануваат Пеп Гвардиола кому му беа потребни 134 натпревари, Жозе Мурињо (142), Јирген Клоп (159) и Алекс Фергусон (162).

Се вчитува...