Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните избори

Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните избори за претседател. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Тоа значи дека на претседателските избори утре ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 24 јули 2023 година до 24 април.

„На овие престојни избори може да гласаат сите граѓани кои имаат важачка лична карта или важачка патна исправа. Согласно последните промени на ДИК може да гласаат и оние лица коишто чија лична карта однонсо патна исправа истекла шест месеци сметано од денот на одржување на изборите.“ – вели Вацев.

Доколку граѓаните извадлиле нова лична карта во периодот кога е заклучен избирчакиот список и ги нема на истиот, може да поднесат приговор до ДИК.

„Доколку граѓаните имаат нова лична карта во периодо кога е заклучен избирачкиот список истите имаат право до избирчакиот одбор, односно кога ќе се појават на избирачкото место и ги нема во избирачкиот список, а имаат валидна лична карта имаат право да поднесат приговор“ – додава Вацев.

Инаку, Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.

Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај. Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Македонија утре гласа на седмите по ред претседателски избори. Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет