Црна хроника
Со дрога фатен полицаец од Охрид
Вчера во комплексот „Инекс“ во Охрид, приведен е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот.
При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност.
При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
71-годишен возач на трактор заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.
Топ
Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави
Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.
Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.
Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.
Црна хроника
Две деца и возач повредени во сообраќајка на регионалниот пат Кичево – Осломеј
Вчера околу 23 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од осумнаесетгодишниот С.Д., патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.