Поврзете се со нас

Англија

Челси постави два историски анти-рекорди на гостувањето кај Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси изминатиов викенд остана без последна шанса да се бори за трофеј оваа сезона, а поразот од Манчестер Сити на крајот испаѓа благ удар за фановите на клубот кои синоќа доживеаја срам за паметење на „Емирејтс“.

Лондонските „сини“ го претрпеа највисокиот пораз во меѓусебните пресметки со Арсенал и загубија со преубедливи 5:0, но тоа за жал не беше единствениот анти-рекорд кој го постави тимот на Покетино на оваа средба.

„Петардата“ во мрежата на Петровиќ значи дека Челси има примено 57 гола од стартот на оваа натпреварувачка сезона, што е убедливо најмногу во историјата на клубот откако е дел од Премиер лигата.

Ниту еден тим на Челси не бил дефанзивно полош од овој на Покетино, бидејќи досега најкатастрофална била сезоната 94/95 окга биле примени 55 гола, како и онаа 96/97 во која примиле исто толку.

Новинарите не пропуштија да му ги потенцираа овие факти на менаџерот на Челси, особено ако се знае дека овој рекорд ќе биде дополнително влошен до крајот на сезоната.

– Навистина сме премногу лоши кога имаме лоша вечер на теренот. За жал, ова е искуство низ кое мора да минеме, но мора да се погрижиме ова веќе да не се случи во иднина. Клубот гради нов проект, бараме нов начин да функционираме и прерземаме ризик кој е навистина голем. Вакви натпревари сигурно нема да ни помогнат во процесот, но треба да не научат дека не смееме да повториме слично издание, – изјавил Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни