Македонија ги добива ривалите во Лигата на нации, Романија и Шведски најнепосакувани

Утре попладне во Париз ќе се одржи ждрепката за најновото издание на Лигата на нации, која ќе стартува во септември оваа година.

Македонија остана во Лига Ц, меѓутоа е во лоша положба бидејќи извлекувањето ќе го очекува од третиот шешир. Подобро рангирани во Лигата на нациите од нашата селекција се селекции како Фарски Острови, Косово, Луксембург… ама тоа сè е како последица по лошиот настап во минатото издание.

Шешири за ждрепката во Лигата на нациите:

Шешири за Лига А:

Прв шешир: Шпанија, Хрватска, Италија, Холандија
Втор шешир: Данска, Португалија, Белгија, Унгарија
Трет шешир: Швајцарија, Германија, Полска, Франција
Четврт шешир: Израел, Босна и Херцеговина, Србија, Шкотска

Шешири за Лига Б:

Прв шешир: Австрија, Чешка, Англија, Велс
Втор шешир: Финска, Украина, Исланд, Норвешка
Трет шешир: Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора
Четврт шешир: Грузија, Грција, Турција, Казахстан

Шешири за Лига Ц:

Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир, Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Шешири за Лига Д:

Прв шешир: Литванија/Гибралтар, Молдавија
Втор шешир: Малта, Андора, Сан Марино, Лихтенштајн

Првите две кола се играат на 5 и 8 септември, потоа третото и четвртото на 10 и 13 октомври, додека групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември.

Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО