НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ УТРА: На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз!

Метео прогноза на Славчо Попоски

По врнежите во текот на денешниот ден, од утре следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.


Токму поради разведрувањето, утрата ќе бидат значително постудени, особено утре и во четврток кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на високите планински места тие ќе се спуштат и под -5 степени.

Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и во следните денови речиси насекаде тие повторно ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени.


Во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, на повеќе места во регионот, како и во Македонија се очекува појава на мраз, кој секако особено лошо ќе се одрази врз веќе расцветаните овошки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …