Top Sport

Баерн се спаси од пораз против Келн на „Алијанц арена“

Баерн Минхен долго се мачеше и на крајот успеа да се спаси од пораз играјќи 1:1 против Келн на „Алијанц арена“. Баварскиот тим сега има четири бода предност на врвот пред Лајпциг.

Елјеш Скири во четвртата минута го изненади Баерн и донесе водство за гостите, а тимот на Нагелсман долго бараше начин да возрати. На крајот тоа му успеа на Џошуа Кимих во 90.минута од мечот.

Волфсбург го декласира тимот на Херта на гости со 0:5, Сванберг, Арнолд, Винд, Баку и Мармуш беа стрелци на головите за „волците“.

Хофенхајм во последните мигови стигна до реми (2:2) против Штутгарт.

Scroll to Top