Вести Култура

Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење

Нашите предизвици денес како писатели се разликуваат од предизвиците на нашите книжевни великани. Во услови на брз развој на информатичката технологија главен предизвик е како да ја доближиме книгата до читателот, во време кога читателот води брз и по многу нешта симплифициран живот во море од информации, каде што е лесно да се изгубите во тривијалноста на површноста, забележа писателката Фросина Пармаковска на свеченото отворање на 32-то издание на Саемот на книга.

Писателскиот предизвик денес е да распостели бисери во морето кои читателот ќе ги види и ќе ги препознае како нешто драгоцено. Освен тоа предизвикот на денешниот писател во Македонија е да го најде начинот да му го покаже патот на читателот до тие богатства, па затоа освен што тој ќе пишува сложени и единствени светови преку книгите, тој ќе треба да ги следи трендовите и колку толку да се разбира од дигитален маркетинг, да е активен на социјалните мрежи, да креира настани и содржини на разни интернет платформи. Накусо да плови заедно во виртуелниот свет со читателите, рече писателката пармаковска.   

Целта е постигната кога писателот, испраќачот има од другата страна примач. Читателот кој е неопходен за оваа формула да функционира. Според Пармаковска не е нималку лесно да се биде писател на тн. „мала литература“ и да се држи чекор со сите модерни трендови. Фросина Пармаковска и Петар Андоновски се оптимиси дека добрата книга ќе го најде својот читател.

Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење, затоа очекуваме масовна посетеност и што повеќе луѓе. Она што сакам да го нагласам во ова време кога се поскапува единствено книгите се со исти цени и од пред 10 и од пред 20 години, рече писателот андоновски.

И покрај бројните предизвици низ годините Саемот на книга е еден од ретките саеми кој продолжи да се одржува, дури и во пандемиските услови.

Годинава на Саемот на книга има и нова поставеност концептуална, затоа што големите издавачки куќи сега се на посебно место, додека малите се во централна позиција на просторот. Тоа е можност малите издавачки куќи да се претстават и да имааат поголема видливост на овој саем, рече организаторката на саемот даниела глигоровска.  

Во рамките на саемот ќе се одржат повеќе од 30 промоции на домашни и странски автори  и фелоушип програма во организација на Македонската асоцијација на издавачи по примерот на сите поголеми светски саеми.

Ќе гостуваат издавачи и агенти од пет земји со што нашите издавачи ќе имаат повеќе можност да ја промовираат својата работа. Годинава фокусот ќе биде и на детската програма, во која е предвиден посебен дел со маскоти, што ќе се одржува во викенд деновите на Саемот на книга.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе