Нагелсман: По ЕП не знам дали ќе бидам селектор на Германија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман изјави дека не размислува за својата иднина по Европското првенство (ЕП) летово.

Неговиот договор важи до крајот на ЕП во Германија и тој не знае дали ќе остане на чело на „панцирите“.

-Дали ќе продолжам да го водам Бундестимот? Не сум размислувал за тоа. Со оглед на тоа што мојот договор истекува на крајот од првенството, на прашањето засега би одговорил со „не““, изјави тој во интервју за германските медиуми.

Поранешниот тренер на Баерн ја презеде репрезентацијата минатиот септември со краткорочен договор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО