Овие клучни намирници во исхраната ќе го забрзате слабеењето

Вработените во Food Label Marker наведуваат дека постојат клучни намирници кои можат да доведат до побрзо губење на тежината.


Ако наскоро планирате диета, можеби сакате да размислите за вклучување на одредени намирници во вашата исхрана. Имено, експертите советуваат дека постојат одлични намирници кои можат да ви помогнат во овој процес.

Вработените во Food Label Marker наведуваат дека постојат клучни намирници кои можат да доведат до побрзо губење на тежината.

Првата намирница на листата е свежото сирење. Овој млечен производ содржи протеин казеин кој има потреба од подолг период за да се вари, па ви помага да се чувствувате сити и го намалува апетитот за друга храна. Истовремено, не само што помага во сузбивање на гладта, туку е и богат со калциум и протеини, кои се неопходни за здравјето на коските и растот на мускулите.

Нутриционистите советуваат и јајца, нарекувајќи ги совршен протеин за појадок. Јајцата содржат околу 13 грама протеини на 100 грама, а започнувањето на денот со јајца може да поддржи било која вежба за изградба на мускули, истовремено поттикнувајќи го губењето на масти.

Нивната листа вклучува и тофу, кој е одличен извор на растителни протеини. Тофуто содржи околу осум грама протеини на 100 грама оброк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни