Одлуката таа лично ја соопшти на својот официјален фејсбук-профил и најави дека во најкус можен рок ќе биде организиран конгрес на кој ќе бидар избрани нов лидер и ново раководство на партијата
Маја Морачанин поднесе оставка од претседателската функција на партијата ДОМ, коалициски партнер на СДСМ.
Одлуката таа лично ја соопшти на својот официјален фејсбук-профил и најави дека во најкус можен рок ќе биде организиран конгрес на кој ќе биде избран нов лидер и ново раководство на партијата.
„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија“,
напиша Морачанин, која воедно им ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ.
По изборниот пораз на СДСМ на претседателските и парламентарните избори, двајцата потпретседатели на СДСМ, Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, си поднесоа оставки од партиските функции.
Партискиот лидер Димитар Ковачевски не најави повлекување од функцијата, но најави избори на нов лидер и раководство, како и на сите партиски тела и органи.