Ова веќе не е случајно: Баер Леверкузен по 12-ти пат дава гол во 90+ минути

Баер Леверкузен синоќа се пласира во финалето од Лигата на Европа откако дома одигра 2:2 против Рома. Фармацевтите губеа со 0:2, но најпрво дадоа гол за 1:2, а во 90+7 минута беше постигнат погодок за израмнување на 2:2 и се спасија од пораз.

Ова реми значи дека Баер Леверкузен стигна до 49 меча без пораз, што преставува нов европски рекорд, надминувајќи го 59 години стариот рекорд на Бенфика, која имаше 48 дуели без пораз.

Неверојатно е како Баер ја одржува оваа низа без пораз која трае речиси една година. Сезонава дури на 11 средби избраниците на Чаби Алонсо постигнуваа погодоци во 90+минути, од кои на осум се спасуваа од пораз, а на три стигнуваа до победа.

Чудото започна на дербито против Баерн, кога тимот од Леверкузен погоди за реми во 90+4 минута. Потоа голови во 90+ минута Баер Леверкузен постигнуваше против Карабаг, Аугсбург, Лајпциг, Штутгарт, Хофенхајм, Борусија Дортмунд, Штутгарт и Рома. Интересно е дека против Карабаг на двата меча Баер даваше голови во судиското продолжување, а на еден од дуелите губеа со 0:2 до 90+ минута, но погодуваа во 90+3 и 90+7 и стигнаа до 2:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести