Вести Македонија Најважни

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Скопјанец бил жртва на три члена група во која бил и полицаец. Го грабнале го натепале и го прободелеле со нож во нога и во рамо. Еден е в притвор еден во бегство а на полицаецот му е одземени пасош и добил уште три други мерки на претпазливост.

Тричлена група во која бил и полицаец грабнале 34-годишен скопјанец од пред неговиот дом  го тепале и му барале 10 илјади евра. На 23-ти април двајцата осомничени го повикале да излзезе  со изговор дека им е потребна помош а потоа насила го внеле во автомобилот зад чиј волан седел полицаеот. Додека полицот возел, други двајцата  му се заканувале и со нож го избоделе во ногата и во рамото, информираат од обвинителството.

  • ОЈО Скопје: Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди. Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

На 1 Мај скопјанецот  пријавил во полициска станица Аеродром дека шест дена претхдно бил жртва на грабнување и уцени и насилство. Не пријавил веднаш затоа што му се заканиле пишува во билтенот на МВР.

Позадината, релациите и другите околности поврзани со овој случај ќе ги расчистува скопското обвинителство кое води истрагата потив двајца од осомничените за разбојништво  и противправно лишување од слобода.

Еден од нив е во притвор од нокеска другиот е во бегство и за него мерката ќе почне да важи откако ќе стане достапен. За полицаецот постапка за противправно лишување води специјализираното одделени за лица со полициски овластувања во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од таму предложиле, а судот прифатил да му определи мерки на претпазливост на полицаецот, одземање пасош, забрана за напуштање на градот, редовно јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и осомничените.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе