• понеделник, 29 април 2024

Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела „тешка кражба“

Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела „тешка кражба“

Велес, 27 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес вчера во Велес  ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и Џ.Н.(31), двајцата од Велес,информира попладнево Билјана Ѓаковск портпарол на СВР Велес.

Таа појаснува дека приведените  биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица.

Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Велес на Е.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан