Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон откри каква порака добиле од менаџерот пред големата победа на „Енфилд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/CPFC

Кристал Палас направи огромно изненадување на „Енфилд Роуд“ и го шокираше Ливерпул со победа од 0:1, резултат кој најдобро му дојде на актуелниот англиски и европски шампион.

Манчестер Сити профитираше од изминатата натпреварувачка рунда во Премиер лигата и изби на првата позиција пред Ливерпул и Арсенал, но резултатот на „Ендилд“ беше многу важен и за Кристал Палас кој беше блиску до опасната зона.

Оливер Гласнер ја забележа само втората победа откако го презема тимот на крајот на месец февруари, а интересно е тоа што бил убеден во истата уште пред самиот старт на мечот.

– Работев за вакви перфораманси веќе некое време, сакав да ја сочувам својата мрежа. Менаџерот дојде пред натпреварот и ни се обрати со следната порака: Денеска ќе победиме!

– Тоа беше многу моќна порака за нас играчите, дојдовме тука да победиме и го направивме тоа. Бевме отпишани од сите на стадионот и тоа чувство е посебно. 11 играчи против повеќе од 60 илјади фанови, на крајот се радуваа само оние на Кристал Палас. Навистина сме презадоволни, – изјави голманот Дин Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни