Германија инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците

 – Германија ќе инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците, почнувајќи од Западниот Брег и во источниот дел на Ерусалим, а целта на иницијативата е да се отворат 25.000 нови работни места во оваа област во рок од три години.Иницијативата ја договорија германската министерка за развој Свења Шулц и новиот палестински премиер Мухамед Мустафа, се наведува на веб-страницата на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (БМЗ).„Невработеноста на Западниот Брег практично се зголеми тројно и сега изнесува 40 отсто“, рече Шулц.Според неа, иницијативата треба да придонесе и за зачувување на постоечките работни места за Палестинците.„Ужасниот терористички напад на Хамас и тековната војна во Газа веќе предизвикаа огромно страдање на Израелците и Палестинците“, нагласи Шулц. 

Пронајдете не на следниве мрежи: