Поврзете се со нас

АТП

Надал загуби и доживеа неверојатно испраќање во Мадрид, очите му се насолзија и на Чоло Симеоне (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал немаше сили да одигра два тешки меча во период од 24 часа и доцна во ноќта загуби од Јири Лехечка во осминафиналето на АТП Мастерсот во Мадрид, пораз со кој најверојатно го заврши своето незаборавно поглвје на турниррот во шпанската престолнина.

Шпанецот најави дека секое негово наредно учество ќе биде последно на турнирот на кој ќе го игра, па откако тоа го направи во Барселона, вчеравечер по се изгледа за последен пат настапи во Мадрид.

Поради тоа, организаторите му подготвија неверојатно и незаборавно испраќање и му организираа емотивно видео кое беше проследено со музика од негвиот омилен филм „Гладијатор“, а тоа придонесе емоциите на стадинот да бидат на навистина завидно ниво.

По поразот од 7:5 и 6:4, Надал им се заблагодари на сите во Мадрид за безрезервната поддршка која ја добивал во изминатите две децении, а организаторите му посветија и пет банери кои беа симбол за петте освоени титули на „Маноло Сантана“ стадионот.

За време на обраќањето, Рафа не остави никого рамнодушен и во солзи завршија неговата сопруга и сестра заедно со голем број фанови, но интересно е дека со насолзени очи заврши и вип гостинот на трибините, Чоло Симеоне.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни