Спорт
Просинечки: Јоветиќ и десет нови играчи против Македонија
Македонија, во Анталија, вечерва (18 часот), ќе го одигра вториот контролен натпревар. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде Црна Гора. Пред три дена Македонија одигра 1.1 со Молдавија, а Црна Гора ден претходно ја победи Белорусија со 2:0.
Во пресрет на натпреварот новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, најави дека со целосно нов тим ќе настапи против Македониа.
„Во тимот ќе остане само Јоветиќ бидејќи сакаме да му дадеме минутажа што ја нема во Олимпијакос, а остатокот од тимот ќе биде сменет затоа што сакам сите играчи да добијат можност да се покажат, да се докажат и да се наметнат. Тоа сега ни е поважно од резултатот, иако сигурно ќе се обидеме да продолжиме таму каде што застанавме против Белорусија“, рече Просинечки на прес-конференцијата во Анталија, а потоа продолжи:
„Момците имаа голем мотив за Белорусија, мислам дека тоа беше евидентно. Пристигна нов тренер, нормално дека сите сакаа да се докажат. Бевме исклучително борбени на секој дел од теренот, топката се движеше добро, лесно доаѓавме до добри позиции во нападот и тоа ме радува. Се надевам дека така ќе биде и против Македонија“.
Со оглед на тоа што Просинечки најави дека само Јоветиќ ќе го почне мечот против Македонија во однос на тимот што играше против Белорусија, се очекува на теренот да бидат: Шаркиќ, Вукчевиќ, Савиќ, Вујачиќ, Радуновиќ, Лончар, Бакиќ, Јововиќ. Чамај, Јоветиќ, Мугоша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Олимпијакос е финалист во Конференциската лига, за трофејот ќе игра против Фиорентина
Ривал на Фиорентина во финалето на Конференциската лига ќе биде Олимпијакос. Црвено-белиот тим ја совлада Астон Вила со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Пиреја.
Грчкиот тим се пласираше во првото финале во натпреварување организирано од УЕФА, благодарение на Ајуб Ел Каби, кој погоди двапати во 11. и 79. минута. Репрезентативецот на Мароко во двата натпревари против Астон Вила постигна пет од шестте голови на Олимпијакос.
Домашните брзо поведоа пред своите гледачи, во 11.минута Ел Каби го прифати додавањето во шеснаесетникот, брзо реагираше и упати удар кој заврши во долниот десен агол.
Со оглед на тоа што грчкиот тим имаше 4:2 од првиот натпревар, овој резултат им одеше во прилог во текот на целиот натпревар. За нов гол се чекаше до 79.минута и повторно стрелец беше Ел Каби.
Олимпијакос за трофејот ќе се борис со ланскиот финалист Фиорентина. Финалето ќе се игра на 29.мај, на стадионот на АЕК во Атина.
Спорт
(Видео) Непобедливиот Баер израмни во 97.минута, во финалето со Аталанта
Баер Леверкузен и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Вечерва, Аталанта постигна историски успех, се пласира во своето прво европско финале, откако во ревашот го победи Марсеј со 3:0. Баер ја продолжи серијата без пораз, урна рекорд стар 59 години, откако уште еднаш на волшебен начин избегна пораз. До 82.минута новиот шампион на германија губеше од Рома 0:2, на крајот со голот на Станишиќ во 97.минута избори реми 2:2. Баер нема пораз на 49 натпревар во низа.
Баер во Леверкузен доминираше против Рома, но до 82.минута не успеа да го совлада одличниот Миле Свилар кој натпреварот го заврши со 12 одбрани. Рома успеа да ја наулира негативата од првиот меч, два пати од белата точка погоди Паредес, откако аматерски пебали направија Та во 43. и Хложек во 66.минута.
Во 82.минута Манчини си постигна авто-гол, а на истекот на 97.минута Станишиќ ги постави конечните 2:2.
Баер се избори за првото европско финале по пауза од 22 години, кога играше финале во Лигата на шампионите.
Во Бергамо, Аталанта го прегази Олимпик Марсеј. По првиот меч резултатот беше 1:1, а во реваншот Аталанта славеше со 3:0. Стрелци на головите беа Лукман во 30., Руџери во 52. и Туре во 85.минута.
Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се одигра на 22 мај во Даблин.
Спорт
Феликс во голем проблем, за Барса непотребен, во Атлетико непожелен
Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го купи, додека во Атлетико Мадрид никој не сака да се врати.
Извори од Мадрид денеска пишуваат дека Диего Симеоне јасно им ставил до знаење на раководството дека преговара или со Барселона или со кој било друг клуб за продажба или нова позајмица на Португалецот. Но, за прв пат се додава и дека ниту неговите соиграчи не сакаат тој да се врати во својот тим и во соблекувалната.
Очигледно, на ниту еден од играчите не му се допадна што Жоао Феликс прослави гол против нив и патем, навивачите прилично го замразеа поради тоа.
На играчите им е доста од неговото недолично однесување, веруваат дека не се вклопува во тимот и дека е премногу егоцентричен и дека и со своите квалитети не прави разлика на теренот.
Инаку, Атлетико Мадрид постави цена од 60 милиони евра, но Барселона нема намера да плати толку. Дополнително, Чави Ернандез изјави дека на позицијата лево крило повеќе би сакал Дани Олмо и Никo Вилијамс.