20.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Без аргументирана расправа нема прогрес, ни на Извршниот, ни на Централниот одбор, ниту пак на Конгресот имаше тензии

„Во животот имам видено различни ситуации, во различни организации и компании. Верувам дека без расправа, без аргументирана расправа нема развој. Тоа што се случуваше и на Извршниот одбор и на Централниот одбор и на Конгресот е највисок демократски акт на една организација. На крајот на денот, акламативно беше одобрена листата на пратеници без притоа да има ситуации, за кои некој се обидуваше да покаже дека имало тензија до таа мера да одредени наши другари се повлечат“ рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека дури и делегатите на СДСМ кои не се нашле на листата, гласале за кандидатите за пратеници и најавиле дека остануваат и ќе ја поддржуваат партијата.

„Сметам дека овој избор во листата е збир на искуство, знаење и вредности. Само овие три работи може да разликуваат една добра, наспроти лоша листа. Кажав и на конгресот, можеби не е идеално, затоа што пак што е идеална листа, но сметам дека е оптимална и ќе го донесе најдобриот резултат на следните избори“ рече Битиќи.

Тој додаде дека во СДСМ во овојо момент, тн. добитна позиција за станување е пратеник е секое место до 10 позиција.

Спонзорирано: