Одржан „Протест 5,3% покачување“ на штипските пенизонери, барањата остануваат исти

Штипските пенизонери денес на протест именуван како „Протест 5,3% покачување“ на плоштадот „Слобода“. Разочарани без одговор, прашуваат дали владинските претставници ќе можат да поминат месец со само 5,3% покачуваање. Велат дека со ова покачување, не можат да ги купат ниту лековите, кои за нив се неопходни.

„Днешниот протест го нарекуваме „Протест 5,3% покачување“. Дали тоа претставува за нас покачување или значи дека нас никој не не почитува. Сакам одговор и тоа гласен, ако е против сите да викате. Мизерија на целиот владински апарат, ја спомнуваме претседателката на сојузот на пензионерите. Ги прашуваме дали тие можат да поминат со 5,3% покачување. Им порачуваме дека универзалната енергија ја знае сопствената работа, а ние поштени пензионери на Штип ќе продолжиме и по натаму со нашите барања.“-изјави Митев

Воедно посочиа дека не се плашат од власта, и не им е важно кој ќе биде, затоа што тие бараат исполнување на нивните барања, односно линеарно покачување од 5.000 денари во наредниот период. Односно оваа покачување велат дека не значи ништо, затоа што со секојдневното покачување на производите значи -0.

„Ние не се плашиме од власта, и не е важно кој ќе биде, само бараме нашите барања да бидат ислушани и спроведени. А тоа е 5.000 денари линерарно покачување во нареднио период. Значи 5,3% е најмизерното покачување до сега на пензионерите. Односно 5,3% на минималните пензии значи -0. Ние сме во загуба , во понеделник ќе ја земеме пензијата, а во вторник прозводите да се покачат автоматски тие 5,3% ги нема“ – додаде Митев

На денешниот протест пензионерите акцент ставија и на еден нов проблем поврзан со члаанарината и солидарниот фонд. Предупредуваат дека во Штип се собираат пари од пензионерите за ново здружение кое не е во полза на нив. Затоа апелираат пензионерите да бидат внимателни и да не потпишуваат никави договори и да не менуваат здруженија.

Во меѓувреме порачаа дека нивните протести ќе продолжат и во наредниот период со цел да ги добијат правата кои ги бараат и заслужуваат. Повикуваат на поголема масовност.

Лаура Стојанова, М-Нет