Top Sport

(Видео) Брансон посилен од повредата – Њујорк има 2:0 против Индијана

Њујорк Никс го одбранија домашниот терен, славеа против Индијана Пејсерс со 130:121 и во полофиналната серија поведоа со 2:0. Брилијантната трета четвртина, која Никс ја добија со 36:18 им го трасираше патот до победата.

Џејлен Брансон, ја прекина низата од четири натпревари со 40+ поени, но повторно го предводеше тимот до победата. Мечот го заврши со 29 поени, 24 постигна во второто полувреме откако поради поврда на ногата не играше во вториот период.

Пред точно 54 години, Вилис Рид исто така со повреда излезе на теренот и ги предводеше Никс до првата титула во историјата, а сега Брансон ја пропушти целата втора четвртина додека Пејсерс изградија двоцифрена предност.

„МВП, МВП“, скандираа навивачите во „Медисон Сквер Гарден“.

„Тој е воин“, рече соиграчот Донте ДиВинченцо, „Не се сомневав дека ќе се врати. Што и да му се случи, тој се враќа“.

Оу-Џи Ануноби постигна 28 поени (плеј-оф рекорд), ист број на поени уфрли ДиВинченцо, Џош Харт имаше 19 поени, 15 скока и седум, Ајзеа Хартенштајн додаде 14 поени (5-7 од поле), 12 скока и осум асистенции.

Пејсерси го завршија натпреварот без тренерот Рик Карлајл, кој доби втора техничка грешка во финишот.

За Пејсерси одличен меч одигра Тајрис Халибартон, запиша 34 поени, шест скока и девет асистенции. Оби Топин додаде 20 поени (7-10 од поле), Ти- Џеј Меконел имаше 10 поени и 12 асистенции, а потфрли Мајлс Тарнер со само шест (3-11 од поле).

Индијана ќе биде домаќин на натпреварот број 3 во сабота од 1 часот .

Scroll to Top