еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

66-годишен планинар се изгубил на Плачковица, пронајден од спасувачката служба „Осогово“

Вчера, од крајот на денот, по јавувањето на 112 во Центратот за управување со кризи (ЦУК), имаше потрага по изгубено повозрасно лице на планината Плачковица, информираат од таму.

Акцијата завршила успешно, спасителите од Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани го пронашле околу еден час пред полноќ.

„Конкретно, кон крајот од денот – во 18.08 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица.

Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот возраст не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани.

Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани.

Лицето, поради подолгиот престој на студено време во планината, од спасителите било згрижено и прво затоплено, а потоа и безбедно спуштено до с.Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани,“ информираат од ЦУК.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

68,2% од починатите од Ковид-19 биле со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Трагедија во Сопиште: Во опожарена куќа изгоре неподвижен старец

Редакција

Мајката на исчезнатиот Мартин пристигна во Грција: Потрагата на Халкидики продолжува

Редакција