🎥Polestar покажа нова технологија за ултра брзо полнење

од Vladimir Zorba

Polestar ја демонстрираше својата нова технологија која овозможува ултра брзо полнење, достигнувајќи 370 kW при полнење на прототипот Polestar 5.

Технологијата развиена од StoreDot се нарекува Extreme Fast Charging (XFC) и користи подобрено ладење, заедно со помала тежина. Според Polestar, ќелиите се полесни од конвенционалните EV батерии и повеќе можат да се рециклираат.

Polestar истакнува дека технологијата исто така нуди подобрувања во конзистентноста на брзината на полнење и споменува додавање на досег од 200 милји (322 km) за 10 полнења, користејќи батерија од 77 kWh.

Во иднина, таа технологија ќе може да се користи и на поголеми батерии од 100 kWh.

Шефот на Polestar рече дека технологијата ќе помогне да се надмине она што јавноста го гледа како еден од најголемите недостатоци на електричните возила, а тоа се долги прекини на полнење во споредба со автомобилите на бензин или дизел.

Слични содржини