(Видео) Рајковиќ до Русите: Нено не е северномакедонски бек, туку македонски!

t

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ, кој ќе го води еден од двата тима на олстар-натпреварот од ВТБ-лигата на 18 февруари во Москва, на водителите на „драфтот“ им укажа за погрешното именување како Северномакедонец на репрезентативецот на Македонија и играч на Уникс Казан, Ненад Димитриевиќ.

„На вашиот вебсајт видов дека пишува северномакедонски бек. Не е северномакедонски, туку македонски бек од државата Македонија. Но, таа си е Македонија!“, објасни тренерот на ЦСКА Москва на видеото по 18:08 минути од почетокот, а водителот вети дека ќе го поправат тоа:

Рајковиќ избра 12 кошаркари од лигата со клубови од Русија и од Белорусија, а противник ќе му биде тимот селектиран од неговиот хрватски колега Велимир Перасовиќ, тренер на Димитриевиќ, кој го откажа учеството за да се посвети на стартот од квалификациите за Европското првенство 2025 со македонската репрезентација. На 23 февруари „црвено-жолтите“ во Скопје ќе ја пречекаат Естонија, три дена подоцна ќе ѝ гостуваат на Полска во Сосновјец, а во групата Х е уште Литванија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра…

Охридската гимназија, цела година е со раскопан…

Последен ден од кампањата – на полноќ…

Ова е последен ден од кампањата за…

Израел повика на евакуација на Рафа пред…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово соопштија…

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема…

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе…