Перишиќ дочекан со свирежи на „Пољуд“, даде еврогол, па му го скандираа името (Видео)

Хрватска и Франција играат во четвртфиналето од Лигата на нациите на стадионот „Пољуд“, а поранешниот фудбалер на Хајдук, Иван Перишиќ, сосема очекувано беше дочекан со свирежи. Тој дојде како големо засилување, но си замина по конфликтот со тренерот Гатузо.

Сепак, расположението на навивачите во Сплит брзо се промени откако Перишиќ постигна вистински еврогол пред крајот на првиот дел, а гледачите на „Пољуд“ започнаа да го скандираат неговото име.

- Оглас -

Најнови вести