Поврзете се со нас

Свет

Нова перфекција на Ристовска за нова победа на ЦСКА Москва

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/whccska

Тимот на ЦСКА Москва имаше победнички почеток на новата фаза во првенството на Русија и тоа против Динамо Синара, тим против кого минатата седмица ја заокружи основата рунда во шампионатот.

Денеска ЦСКА славеше со 29-20 во средба во која се беше решено во првите 30 минути во кои фаворитот дојде до плус девет (19-10), па потоа само рутински ја заокружи започнатата работа.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска повторно имаше перфектна партија со пет гола од пет обиди. Таа беше прв стрелец кај домаќините заедно со Михаиличенко.

За четири дена Сара и колешките имаат нова задача против Краснодар на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни