Голчиште на Кварацхелија, кандидат за најубав гол во Серија А сезонава (Видео)

Фиорентина и Наполи одиграа 2-2 во дуел од италијанската Серија А помеѓу два тима кои се надеваат дека ќе се пласираат на позиции на табелата кои носат излез на европска сцена.

Од четирите погодоци на „Артемио Франки“, најубав беше последниот, со гол Хвича Кварацхелија од Наполи изедначи на 2-2 во 57-мата минута. Тоа беше мајсторија на Грузиецот од слободен удар. Голот на Кварацхелија погледнете го ТУКА.

Инаку и Виолетовите дадоа гол од слободен удар, стрелец беше Кристијано Бираги, истотака убав гол кој може да го видите ТУКА.

Шест години се немаше случено на еден ист меч од Серија А, двата тима да дадат гол од слободен удар.

 

- Оглас -

Најнови вести