Велосипедски марш во недела во Струмица под мотото „Вози велосипед – немаш планети пет“

Струмичани на 14 април (недела) ќе имаат можност се приклучат во Градскиот парк на акција, која има цел да ја зголеми свеста за искористување на велосипедските патеки во Струмица.

„Понесете го вашиот велосипед, тротинет или дојдете со ролерки и вклучете се во нашиот марш кој ќе се одвива по велосипедските патеки во Градскиот парк“, стои во повикот на Младински образовен форум (МОФ).

Настанот се одвива под мотото „Вози велосипед – немаш планети пет“, ќе започне во 12 часот, а збирно место е паркот кај градинката „Детска Радост – Струмица“.

„По маршот, се враќаме на почетната точка за да се освежиме и дружиме со диџеј“, велат иницијаторите.

Инаку, „Вози велосипед – немаш планети пет“ е настан кој го иницираа членовите на клубот за Младински активизам на Центарот за истражување и анализи НОВУС и Младинскиот образовен форум (МОФ) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.