29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНето надворешниот долг на земјава зголемен за 305 милиони евра

Нето надворешниот долг на земјава зголемен за 305 милиони евра

На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2023/Soopstenie_Dolg_MIP_kv.4_2023.pdf .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП