Адеми до супер-јубилеј – 400 меча во дресот на Динамо Загреб

Аријан Адеми влезе во игра во финишот од гостувањето на Динамо Загреб во Вараждин, сосема доволно за доскорешниот македонски репрезентативец да продолжи да испишува нови страници во историјата на најтрофејниот хрватски клуб.

Имено, денешниот настап беше јубилеен меч број 400 за Адеми во дресот на Динамо Загреб, со што големиот борец стана само втор играч во историјата на „модрите“ што стигнал до оваа бројка.

Пред него на листата се наоѓа само легендарниот голман Дражен Ладиќ со 468, но ако се знае дека Адеми има само 32 години, нашиот интернационалец има сосема доволно време да го урне и овој рекорд.

Аријан Адеми дојде на „Максимир“ во 2010 година како слободен играч од Шибеник. Во овој период тој освои 12 шампионски титули со Динамо Загреб.

Се вчитува...