Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува од 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Во јавноста со години се дебатира за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро – дека се уморни и дека им се менува расположението.

Mедицината се нема посериозно насочено кон оваа тема, иако постојат некои истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни 15-тина дена за да се адаптира на промената.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави