Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Хрватска не е во војна со Русија

Милановиќ: Хрватска не е во војна со Русија

Ако нема преговори меѓу Москва и Вашингтон, тогаш сме чекор поблиску до третата светска војна, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и посочи дека испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната.

dobivaj vesti na viber

„Ако Америка и Русија не се договорат, а тоа не е на повидок, војната нема да престане. Некако се надевам дека ќе продолжат некакви разговори, или полека ќе се движиме кон трета светска војна, за што некои мислат веќе почна, но јас сум малку резервиран. Што се однесува до тенковите, и руски и американски горат исто“, изјави Милановиќ.

Тој смета дека Хрватска никогаш не треба воено да и помага на Украина.

– Сакаш да одиме во војна? Цитирав еден украински министер кој рече дека тоа е прокси војна. Само ги повторив неговите зборови. И тогаш го слушавме Лавров како ме фали, но по неколку дена германскиот министер за надворешни работи рече дека мора да бидеме обединети бидејќи, цитирам, сме во војна со Русија. Не го знаев тоа. Можеби Германија повторно војува со Русија, но нека им е со среќа, можеби ќе поминат подобро од пред 70 години – изјави Милановиќ.

Можете да прочитате

Израелската војска убила и уапсила милитанти во акцијата на североисточниот дел од Газа

Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но мора да биде подготвена

Нетанјаху: Израел сам ќе ги носи своите одлуки