Текстот го пренесуваме интегрално:

„Поради можност за нереди“ белгиската полиција утрово спречи да се одржи настан на кој говорници беа унгарскиот премиер Виктор Орбан и главниот промотор на Брегзит и своевремено најдобриот говорник во Европскиот Парламент, Најџел Фараж.

На собирот наречен „Конференција за национален конзерватизам“ веднаш по почетокот на говорот на Најџел Фараж полицијата упаднала, а на присутните им дала 15 минути да го напуштат местото. Патем, претходно два пати локацијата за настанот се преместуваше заради притисоци на властите. На крајот, гледаме каков е епилогот. Градоначалникот дал наредба собирот да се затвори велеќи дека „Екстремната десница не е добредојдена“ и дека тоа претставува „Можност за нереди и нарушување на јавната безбедност“.

Меѓудругото, на настанот присуствуваше и мојот пријател од италијанската партија ЛЕГА @therealquater.

Европската левица е во паника и користи насилни методи не знаејќи како да се справи со нивниот слаб рејтинг. Парадоксално е, што истите кои промовираат слобода на говор се трудат да ја згаснат. Смешно, но и поттик за нова работа. Мило ми е што десницата се буди, а конечно има некој во Европа кој оди во вистинска насока. Само десни политички опции се спас за ваквото безредие!

Поддршка за Најџел Фараж, Виктор Орбан и организаторите на конзервативниот настан. Поддршка за слободата на говор како најважна за една демократија. Само напред!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)