12.8 C
Скопје
14:56 - 16 мај, 2024

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

Многу луѓе ги мачи прашањето што всушност се прави со јацето-чувар на домот од минатиот Велигден, што го чувавме во изминатите 12 месеци.

Во Македонија, по повод најрадосниот христијански празник Велигден, на Велики четврток и на Велики петок се вапсаат јајца. Првото јајце кое се вапса во црвена боја е – според народните верувања – чувар на куќата, и токму тоа јајце се чува во следните 12 месеци. Се верува дека ова јајце ја штити куќата и домаќинството, како и дека заштитува од зли сили и демони. Мора да се чува до следниот Велики петок, бидејќи го претставува чуварот на домот против сите лоши работи.

Што се случува со стариот чувар на куќата од минатата година?

Кога се вапса нов чувар на домот, стариот се фрла во река, односно во вода што тече, за да ги однесе сите зла и несреќи што паднале врз него, наместо врз куќата која ја чува.

Од друга страна пак, оние кои имаат дворови, го почитуваат правилото на закопување на јајцето под земја или под дрво кое би сакале да биде плодно, но и за да го заштити домаќинството од временски непогоди.

Се верува дека јајцето – чувар на куќата носи и благосостојба и среќа во домот, па многумина затоа го чуваат во украсни садови.

 

Слични објави

(Видео) Шок изјава на Карлеуша: Бев на вечера кај Жељко и Јована Јоксимовиќ, ми го пофалија меѓуножјето!

Еспресо

(Фото) Бејби Лазања: Не можам да ги прифатам 50.000 евра, го замолувам Пленковиќ да ги донира тие пари

jasmina.kantardzieva

(Фото) Том Круз го покажа „змиското“ тело на плажа: Како ви се допаѓа оваа невозможна мисија?

еспресо

(Фото) Вељко објави фотографија од новородениот син: Ражнатовиќ ја собра цела љубов во еден збор

еспресо

Никола Роквиќ јавно им се заблагодари на Јелена и Новак Ѓоковиќ за уплатената донација: „Бог да ве благослави!“

еспресо

Донесена одлука на хрватската Влада: Еве колку пари добива Бејби Лазања, голема сума!

еспресо
Се вчитува....