Лицемерие: За Златан Ибрахимовиќ, 39-годишниот Силва е престар да игра за Милан

Легендарниот бразилски стопер Тијаго Силва на крајот на сезоната ќе замине од Челси по четири години поминати на „Стемофорд Бриџ“. Агентите на 39-годишникот веќе се во потрага по неговиот следен ангажман, а како опција се јавуваат повеќе егзотични дестинации.

Интерес за Силва покажале клубови од Саудиска Арабија, Соединетите американски држави, како и неколку клубови од Јужна Америка, а има и клуб кој ги одбил неговите услуги.

Станува збор за Милан каде и покрај тоа што раководството покажало желба за Бразилецот повторно да го облече дресот на „росонерите“, поготово во ситуацијата кога се очекува Симон Кјаер и Матија Калдара да заминат во следните месеци, можниот трансфер го спречил стручниот консултант Златан Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми откриваат дека причина за ваквиот потег на Швеѓанецот е неговата загриженост за староста на 39-годишниот Силва. Поранешниот напаѓач смета дека тој е престар за да се врати во клубот, што е интересно бидејќи самиот Ибрахимовиќ настапуваше до 41-годишна возраст.

Се вчитува...