КУП: Тиквеш и Воска Спорт испишаа историја пласирајќи се во големото финале!

Оваа година во големото финале од Купот на Македонија силите ќе ги одмерат дебитанти кои веќе испишаа историја пласирајќи се во големото финале.

Тиквеш преку пенали го исфрли Шкупи и за првпат се најде во големото финале, откако и во Кавадарци мечот во регуларниот дел заврши без погодоци (0:0).

Во пенал серијата за Тиквеш погодија сите пет фудбалери односно Сантос, Стојкоски, Карчески, Нето и Спиркоски, а пак кај Шкупи Пинтер, Гроннер и Дама беа сигурни, додека пак Илиески не реализираше, за вкупни 5:3.

Во вториот полуфинален меч Воска Спорт беше поразена со 1:2 во Ѓорче од Македонија ЃП, но тоа не беше пречака охриѓани да се пласираат во големото финале, откако претходно имаа триумф од 2:0 во Охрид над „лавовите“.

Гостинот од Охрид преку Јахији дојде до водство од 0:1 во 13. минута, а во 25. минута Фазли израмни на 1:1. Во вториот дек Велкоски погоди и ги постави конечните 2:1.

Во големото финале ќе се соочат Тиквеш и Воска Спорт, за нив прво финале од Купот на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет