Пет меча кои ќе се играат во Серија А, Премиер лигата и Бундеслигата носат одличен вкупен коефициент

Пет интересни меча, по два од Англија и од Италија, плус дербито во Германија, се дел од понудата на денешните Квоти на ден во Sport Life. Понудените комбинации ако ги одиграте заедно на еден тикет ќе добиете вкупен коефициент од 47.69.

Челзи е домаќин на Вест хем во лондонската пресметка и Сините не треба да загубат во меч на кој ќе треба да има од два до четири погодоци. Оваа комбинација носи квота од точно два.

Ливерпул е фаворит и се очекува да победи на „Енфилд роуд“ против Тотенхем, но најмалку еден гол треба да дадат и гостите од Лондон, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.35.

Прогнозата е дека Баер Леверкузен ќе ја продолжи серијата без пораз и затоа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, типот е дека Фармацевтите нема да загубат, а двата тима ќе се радуваат на погодоци. Ваквиот тип е со квота од 2.20.

Милан е домаќин на Џенова и фановите на „Сан Сиро“ треба да очекуваат погодоци и тоа во мрежата на гостите. Комбинацијата е Росонерите да дадат барем еден гол во првиот дел и да имаат најмалку два погодоци на крајот од средбата за да се погоди како точна квотата од 2.05.

Дербито во Серија А е меѓу Рома и Јувентус и тука опцијата е да се игра дека ќе има голови во двете полувремиња, но не повеќе од три. Оваа популарна комбинација за овој меч се вреднува со 2.25.

- Оглас -

Најнови вести