Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ повторно беше нерешлива енигма за Лос Анџелес Лејкерс, а настапот на Србинот и неговите одлични соиграчи придонесе за трета победа на Денвер и ситуација од која актуелниот шампион е на само чекор до втората рунда на НБА плејофот.

Српскиот центар беше на асистенција до трипл-дабл, а на средбата повторно импресионираше со неколку потези, со кои ги фрустрираше противниците и ги разигруваше соиграчите.

Медиумите во САД посебно го одбележуваат моментот кога Јокиќ доби еден тежок дуел со вообичаено доминантниот ЛеБрон Џејмс, а ѕвездата на Лејкерс со изразот на лицето покажа дека е во неверица за она што се случило.

Џејмс и Дејвис искомбинираа 62 поени за Лејкерс, но и тоа не беше доволно за прва победа во серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни