ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО очекува нерегуларности од ДУИ во вториот круг

ВМРО очекува нерегуларности од ДУИ во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ очекува изборни нерегуларности од ДУИ на 8 мај. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски вели дека ги известиле ОБСЕ-ОДИХР за сите избирачки места каде што се сомневаат дека имало и ќе има полнење на гласачките кутии и побарале од Министерството за внатрешни работи да ја засили контролата на овие избирачки места.

Според Мицкоски, вакви нерегуларности имало на неколку избирачки места во Сарај, Липково и Арачиново.
И од коалицијата ВРЕДИ велат дека се подготвуваат на 8 мај да не се толерираат нерегуларности, како во првиот круг од претседателските избори. Тие веќе добија една тужба која ја поднесоа до Управниот суд и гласањето во едно гласачкото место во Липково беше поништено.

„Ќе имаме средби и со нашите структури за одбрана на гласањето бидејќи гледаме дека деновиве имаше одлука на Управниот суд со која се констатираше кражбата што се случи во Липково. Ќе ја искористам можноста да кажам дека сите тие ќе одговараат пред судот и пред органите и ова е жалба за сите кои ќе преземат ваков чекор овој пат нема да им биде простено, и ќе се соочат со правдата“, рече Изет Меџити, лидер на Демократското движење.
Од ДУИ не ги коментираат обвинувањата на опозицијата за полнење на гласачките ливчиња, притисок, купување гласови и очекувањата за нерегуларности во вториот круг./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button