Поврзете се со нас

АТП

Надал го спореди своето тело со Реал Мадрид: Ќе се појавам на теренот во Париз само во еден случај

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал се обидува да се врати во оптимална физичка кондиција и да го навикне своето тело на најтежок можен напор, пред се поради тоа што главна цел му е да се прикаже најдобро на Ролан Гарос.

Шпанецот пред една недела загуби од Алекс Де Минор во два сета и тогаш јасно се виде дека е далеку од натпреварувачки ритам, но само една седмица подоцна, Шпанецот покажа дека може да промени многу работи со редовни тренинзи и минати часови на теренот.

Рафа вчера му се реваншираше на Австралиецот и се пласираше во третото коло во Мадрид, а бидејќи веќе мина две рунди во шпанската престолнина, новинарите повторно го прашаа за статусот на неговото тело.

– Во спортот мора да бидете трпеливи и да се трудите да го дадете најдоброто од себе, само така ќе си дадете шанса. Реал Мадрид се бранеше 120 минути како луд на мечот со Сити и победи на пенали. Ако загубеа, сите ќе велеа дека тоа е така поради предефанзивниот пристап. Тоа е магијата на спортот, треба да се биде упорен. Одиграв еден меч, се чувствував добро, а сега ме чека нов тежок ден. Сметам дека се уште сум далеку од нивото да си поставувам цели и да бркам големи работи. Одиме чекор по чекор, со мали чекори се стигнува до големи работи.

– Ролан Гарос е најважен турнир во мојата кариера и сакам да играм таму само ако бидам конкурентен. Ќе настапам ако можам да сонувам, ако не можам да сонувам за триумф и ако не сум конкуренте, нема да излезам на теренот во Париз. Друго е да се игра на два добиени сета, целосно друга приказна е на три. Мора да бидам сигурен дека моето тело ќе издржи напор од мечеви по пет сета во период од две недели. Ако не сум сигурен во тоа, нема да се појавам во Париз, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни