Една од најубавите жени на светот е очајна: Бара момче, има три услови

„Конкурсот“ е отворен – Ирина Шајк бара нов маж.

Руската убавица Ирина Шајк во последно време нема среќа во љубовта. По разводот со Бредли Купер, со кој има ќерка, стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и тоа „пукна“, па сега е во потрага по нов маж.

Сепак, не е лесно да се биде момче на Ирина Шајк…

Една од најбараните манекенки на денешницата и најубавите жени на светот наводно бара личност која е позната, која изгледа добро и има пари, изјави извор за PageSix.

“Таа бара момче, но има малку луѓе со кои излегува. Таа бара некој познат, убав и богат. Колку се таму, пет, десет, изјави извор кој сугерира дека може да биде новиот дечко на Ирина”. Том Круз, кој неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каирова.

Дали средбата со ѕвездата на „Топ Гана“ ќе се случи на Мет Гала, која ќе се одржи на 6 мај, останува да видиме.