Спорт
(Видео) Манчини го речи „Дерби дела Капитале“
Фудбалерите на Рома во „Дерби дела Капитале“ го победија Лацио со 1:0. Ова беше 160. пресметка на градските ривали во Серија А, а вкупно 183. во историјата.
Голот кој го реши победникот го постигна Манчини во 42.минута. Дибала перфектно изведе корнер, на топката налета дефанзивецот на Рома и ја смести во голот.
Рома со овој триумф остана во трката за четвртото место на табелата, со натпревар повеќе има два бода помалку од Болоња. Лацио е седми со 46 поени, но по завршувањето на ова 31.коло може да го престигнат Наполи и Торино.
Натпреварот го обележа спектакуларната кореографија на навивачите на двата тима.
🤩🏟️ | The Stadio Olimpico looked incredible ahead of kick off in the Derby della Capitale! #RomaLazio #SerieA pic.twitter.com/AFIqIS73gD
— Total Italian Football (@SerieATotal) April 6, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувентус го освои Купот на Италија
Фудбалерите на Јувентус го освоија Купот на Италија. Во финалето, Јувентус ја победи Аталанта со 1:0. Единствениот гол го постигна Душан Влаховиќ во четвртата минута.
Финалето беше решено во четвртата минута, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ избегна офсајд и рутински од 12 метри го совлада Карнесеки.
Потоа играчите на Јувентус одигра фантастично тактички до крајот на натпреварот. До крајот на првото полувреме речиси и да немаше поголеми возбудувања.
Се обиде да го промени ритамот на мечот со измени на Гасперини, сите пет измени ги направи до 65. минута. Но, тоа не му помогна многу. Напротив, Влаховиќ за малку ќе го реши победникот во 54. минута, но судијата Мареска не сметаше дека треба да досуди пенал.
11 минути подоцна, ВАР го поништи голот на Влаховиќ.
Аталанта можеше да изедначи во 78.минута но ударот на Лукман заврши во стативата.
Потоа рамката од голот се затресе на другата страна, во 84. минута Мирети силно шутираше од десетина метри и ја погоди гредата. Во четвртата минута од судиското надополнување, Едерсон имаше голема шанса да израмни, но Перин фантастично реагираше.
Потоа на сцена стапи Масимилијано Алегри, кој имаше што да им каже на судиите, доби и црвен картон, го фрли палтото и вратоврската, за малку ќе ја искинеше кошулата. Но, очигледно знаеше што прави, со оглед на тоа малку подоцна судијата означи крај на натпреварот.
Спорт
Црвена звезда на чекор до трофејот во АБА лигата
Кошаркарите на Црвена звезда поведоа во финалната серија од АБА лигата со 2-0. Избраниците на Јанис Сферопулос го победија „вечниот“ ривал Партизан во салата „Александар Николиќ“ со резултат 80:73.
Видовме уште еден тензичен натпревар, но немаше резултатска неизвесност. Црвена звезда беше тимот во водство повеќе од 30 минути.
Клучен човек на Звезда беше Немања Недовиќ, кој одигра неверојатно прво полувреме во кое за 17 минути на теренот постигна дури 21 поен, остатокот од тимот уфрли 17 поени. Во вториот дел не поентираше, но немаше потреба затоа што Партизан едноставно немаше решенија во нападот за да се врати во мечот.
Џоел Боломбој имаше 10 поени (4/4 од поле) и 4 скока, а капитенот Бранко Лазиќ додаде 10 поени (2/4 од поле, 5/6 пенали). Јаго Дос Сантос постигна 8 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Дејан Давидовац додаде 7 поени и 4 скока.
Кај Партизан Џејлин Смит постигна 12 поени (4/8 од поле), а Зек Ледеј, Бруно Кабокло и Пи Џеј Даузер по 11 поени. Кабоколо имаше и 6 скока. Потфрли најефикасниот од првиот меч Џејмс Нанели со само два поени од линијата за слободни фрлања и Кевин Пантер кој постигна седум поени.
Ова е петта победа на Црвена звезда во дуелите со Партизан во 2024 година . Звезда во тековната година го победи Партизан еднаш во Евролигата, еднаш во регуларниот дел од АБА лигата, еднаш во Купот Радивој Кораќ и сега двапати во финалната серија од плејофот на АБА лигата.
Третиот натпревар од серијата се игра во недела од 20.30 часот, домаќин ќе биде Партизан.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.